Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Предновогодишен концерт на Џипси Кингс во Скопје

МК Сцена

Предновогодишен концерт на Џипси Кингс во Скопје

Во рамки на второто издание на настанот ALL YOU NEED IS LOVE, вечерва во ВИП Арената „Борис Трајковски“ предновогодишниот концерт ќе одржи една од најуспешните светски атракции групата Џипси Кингс. Како прегрупи на концертот ќе настапат македонските групи Баклава и Чалгија Саунд Систем.

Во Скопје ќе допатува актуелната формација на бендот, предводена од Пако и Микаел Балиардо, а ќе ги исполнат нивните најпознати хитови. Џипси Кингс станаа планетарно познати со мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам.

Македонската публика, како што беше истакнато на денешната прес-конференција на Авалон продукција, ќе ужива во најголемите хитови како Volare, Bamboleo, Baila me и уште многу други хитови.

Групата во изминатите три децении кариера имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми.

Во 2014 година Џипси Кингс ја добија наградата Греми и тоа за најдобар албум „Savor flamenco“.

На прес-конференција вокалистките на Баклава, Елена Христова и на Чалгија Саунд Систем, Добрила Грашеска, рекоа дека се возбудени што ќе настапат на концертот. Ова ќе биде прв настап на групата Баклава пред големиот концерт на којшто треба да го претстават новиот албум.

Вратите на ВИП Арената „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени за влез во 20 часот, а концертот треба да започне во 21 часот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.