МК Сцена
Концерт на Рибља Чорба со десетина гудачи на сцена
Бендот „Рибља Чорба“ на 14 март во Универзалната сала во Скопје ќе одржи акустичен перформанс „Чорба се слуша и без струја“.
Ова е еден од ретките анплагд концерти на Чорба кој ќе се реализира во придружба на десетина гудачи на сцена.
Фронтменот на групата Бора Чорба денеска во Скопје најави незаборавен два ипол часовен концерт на кој ќе бидат изведени две нови песни, како и песни кои досега поретко се изведувани.




