Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

После осум години пауза: Владо Јаневски ќе одржи голем концерт во „Борис Трајковски“

Музика

После осум години пауза: Владо Јаневски ќе одржи голем концерт во „Борис Трајковски“

Во организација на Горила продукција, во Арена “Борис Трајковски“ на 03-ти Април, после цели осум години во Скопје, ќе се одржи голем концерт на една од најголемите звезди на македонската естрада Владо Јаневски.

Концертот на 03-ти Април на кој ќе го придружуваат најдобрите македонски музичари ќе биде прилика за сите фанови по долго време заедно со Владо да ги отпеат многубројните хит рефрени. Неговите песни одамна веке важат за евергрини кои живеат во срцата на сите вљубени, за кои веруваме ќе ја исполнат салата до последно место.

Ценејќи го придонесот на Владо Јаневски во афирмацијата на македонската музика, овој проект е поддржан и од Министерство за култура. Фановите ќе ја имаат таа можност да уживат во бројни изненадувања од технички аспект кои за прв пат ќе се случат во арената “Борис Трајковски“ но за тоа наскоро

Влезниците се продаваат во продажната мрежа на Мк Тикетс, односно сите продажни салони на One низ Македонија, југотон ГТЦ 1- кат, Универзална сала во Скопје и многу други продажни места.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.