Музика
Концертот на Аријана Гранде ќе се одржи и покрај нападот во Лондон
Ден откако познатата пејачката Аријана Гранде се врати во Манчестер по терористичкиот напад на нејзиниот концерт, во Лондон се случи уште еден терористички напад во кој 7 лица беа убиени, а повеќе од 50 повредени.
Пејачката се врати во Манчестер со цел да одржи хуманитарен концерт насловен „Една љубов Манчестер“ кој беше распродаден за 20 минути, а средствата од концертот беа уплатени во фондот за помош на жртвите од нападот.
Од менаџментот на Гранде велат дека сочувствуваат со жртвите во лондонскиот напад, но сепак тие со музиката ќе се борат против насилството и омразата во светот и вечерашниот концерт ќе се одржи во чест на загинатите и повредените во нападот во Манчестер.




