МК Сцена
Лeгендарниот Armin Van Buuren – втор хедлајнер на Ohrid Calling 2018!
Eден од навистина најдобрите и најголеми диџеи на светот на сите времиња АRMIN VAN BUUREN ќе биде вториот хедлајнер на неверојатно атрактивното издание на OHRID CALLING 2018 година!
Како што веќе најавивме, првите хедлајнери на OHRID CALLING 2018 се Dimitri Vegas & Like Mike кои ќе настапат на 01-ви август, ноќ спроти Илинден, на стадионот „Билјанини извори“, додека Аrmin van Buuren како втор хедлајнер, ќе настапи во сабота, на 04-ти август, на истото место.
Човекот кој четири години по ред беше прогласуван за најдобар диџеј според списанието DJ Mag, се има закитено со многу признанија и награди. Неговите албуми се продаваат во огромни тиражи, а дел од неговите траки стануваат огромни радио хитови.




