МК Сцена
Македонија домаќин на Балканските спа награди
Македонија првпат е домаќин на Балканските Спа Награди кои се доделуваат во осум категории, а за нив се натпреваруваат учесници од осум балкански држави.
Ќе бидат доделени награди за најдобар спа-хотел, најдобар спа- центар, најдобар здравствен спа – хотел, најдобар спа-менаџер, најдобар спа-козметика, најдобра фирма за изградба на спа, најдобра спа- инвестиција и најдобар спа- ланец.
За престижните наградиќе се натпреваруваат учесници од Македонија, Бугарија, Турција, Грција, Романија, Косово, Албанија и Србија.




