Музика
Македонија последна на јуниорската Евровизија во Бугарија
Вчеравечер во Софија, Бугарија се одржа овогодинешното издание на Јуниорскиот избор за песна на Евровизија, кој кај нас го пренесуваше Македонската телевизија.
Македонија го освои последното место со освоени 26 поени.
По вторпат во три години, победничкиот трофеј го понесе Малта, и тоа оваа година со песната “Not my soul” на Дестини. 13 годишното девојче и донесе на својата земја 185 поени, воедно и рекорден број на поени освоени на Евровизијата за деца од самиот почеток.





