Музика
Џастин Бибер доби забрана за настапи во Кина поради „лошо однесување“
Кинеските власти соопштија дека на канадскиот поп пејач Џастин Бибер нема да му биде дозволено да настапува во Кина, поради „неговото однесување на сцената и зад неа“.
Во изјавата на Канцеларијата за култура на Пекинг се објаснува дека пејачот извршил „неспецифични прекршоци“, меѓу кои и возење во алкохолизирана состојба и тркање во Ламборџини.
– Џастин Бибер е талентиран, но воедно е и контроверзен млад пејач. Ние сметаме дека зад себе има многу лошо однесување во социјалниот живот, како и во текот на перформансите, што предизвикаа незадоволство во јавноста во Кина, стои во соопштението.




