МК Сцена
Манчевски: За да снимаш филм треба да имаш срце
Нашиот најпрославен режисер Милчо Манчевски вчера одржа два мастер-класи во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Во првиот мастер-клас, насловен „Уметноста и вештината на режирањето на кадарот“, Манчевски анализираше неколку начини како режисерот да се постави и да се насочи кон основната филмска единица – кадарот. Во рамките на овој двочасовен мастер-клас, тој се користеше со дваесетина сцени од култни филмови и од своите филмови за да ја илустрира дискусијата.
Во вториот мастер-клас Манчевски работеше го демонстрираше неговиот пристап на работа со актери преку сцена од холивудски филмска класика. Минатата ноќ се случи и промоцијата на монографијата за Манчевски, чиј уредник е Марина Костова. Освен Костова, на промоцијата беше присутна и главната авторка на биографијата д-р Ирис Кронауер од Германија. Модератор беше Игор Војновски.





