МК Сцена
Три изненадувања за третиот роденден на Скопје Сити Мол!
Првиот и најголемиот современ трговски во Македонија, Скопје Сити Мол го слави својот 3-ти роденден. Скопје, но и цела Македонија пред 3 години добија ново обележје кое стана симбол во регионот и движечка сила за промовирање на нови трендови, настани и иновативни кампањи.
Сите ние имавме 3 години исполнети со милиони насмеани и задоволни посетители. Од 2-ри октомври епицентарот на сите важни случувања во нашата држава ќе биде Скопје Сити Мол каде во симболика со годините се најавуваат 3 гламурозни кампањи кои нема да ги остават посетителите рамнодушни.
Првото и најголемото изненадување е маратонската наградна игра за престижниот JEEP Renegade, „Happy Jeep to You“. Имено, станува збор за голема наградна игра, која на некој наш посетител ќе му донесе среќа, покрај шопингот да си замине дома со најновиот модел на JEEP Renegade My2015 1.6. Наградната игра ќе започне на 02.10.2015, кога воедно започнуваат и роденденските денови во молот, а ќе заврши на 31.12.2015.




