Музика
Марија Шерифовиќ: MAC нема да помине без мене!
Марија Шерифовиќ настапува на MAC! Тоа е најновата вест која ја потврди Скајмјузик, во чија организација и продукција на 29 јануари се одржува првото регионално доделување на музичките признанија Music Awards Ceremony (MAC).
„Прв пат кога слушнав за MAC, помислив дека тоа е фантастична пудра, меѓутоа се покажа дека не е тоа, и сега сум пресреќна што конечно во Белград и регионално постои едно вистинско доделување на награди во сите категории“, вели Марија на шега и додава: „Јасно е како ден дека нема да помине без мене!“




