МК Сцена
Miss Kittin на мапата за светски забави викендов во Скопје
Француската диџејка Miss Kittin ќе има свој перформанс на 7ми мај, сабота во Младински културен центар. Конечно по долги години во Скопје, забава продуцирана по највисоки светски стандарди, со врвен артист двигател на електронската сцена.
За сите заинтересирани билети се на продажба во кафе Излет, Кино Карпош http://mktickets.mk/miss-kittin и билетара МКЦ.
Caroline Hervé, или позната како Miss Kittin, е француска пејачка, диџејка и продуцентка која по завршените студии по уметност, реши да се занимава со диџејство и продуцирање на музика. Се прослави со “Frank Sinatra”, заедно со продуцентот The Hacker, во 1998ма година.





