fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Највисоки пет ѕвездички од Гардијан за најновиот компакт диск на пијанистот Симон Трпчески

МК Сцена

Највисоки пет ѕвездички од Гардијан за најновиот компакт диск на пијанистот Симон Трпчески

Британскиот дневен весник Гардијан со максимални пет ѕвездички го оцени најновиот компакт диск на нашиот пијанист Симон Трпчески, својата препорака илустрирајќи ја со епитетот „диск со арома“.

Како што напишал критичарот Стефен Причард, „чудесно талентираниот македонски пијанист Симон Трпчески отвора смело со Брамс… пред блескаво да чита… на тема од Хендел… за потоа да го понуди сосема различниот звучен свет на Равел… со вртоглав гламур, пред со селекцијата од Пуленк… да го донесе овој мајсторски рецитал до елегантно финале. Диск со арома. Го препорачувам“. Рецензентот на „Гардијан“ ја истакнува и предноста на компакт-дисковите во живо реализирани за етикетата на „Вигмор Хол“ пред сличните рецитални изданија.

На својот најнов компакт диск, Трпчески пред пошироката јавност ја претставува својата изведба во живо на подиумот во лондонската сала „Вигмор“ од 19 јули 2014 година. (http://www.theguardian.com/music/2016/may/01/simon-trpceski-brahms-ravel-poulenc-wigmore-hall-review)

Македонскиот пијанист во петок настапува во Хелсинки, а по Финска, до крајот на месецов го очекуваат и концертите низ Шпанија, како солист на турнејата со Филхармонискиот оркестар на Хелсинки, и во шведската престолнина со Кралскиот филхармониски оркестар од Стокхолм.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.