
МК Сцена
300 деца и млади од 13 земји ќе се дружат на „Џифони Македонија“
Актуелни детски и младински филмови, дискусија, креативни работилници, проекции на кратки и анимирани филмови, проекции на нови остварувања од млади автори, средби со познати личности – сето ова ќе биде дел од програмата на 8.Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“, што ќе се одржи од 25 до 30 септември.
Најголемиот дел од програмата наменета за младите учесници ќе се одвива онлајн, а во вечерните часови ќе има и пет филмски проекции во живо.
Фестивалот ќе биде отворен утревечер во 19 часот во Кинотеката на Македонија, со проекција на италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“, кого Европската филмска академија го избра за најдобар филм за млада публика за 2020 година.



