fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„All I Wanna Know“ – прв сингл од новиот проект „Live Power Session” на Ris Flower

МК Сцена

„All I Wanna Know“ – прв сингл од новиот проект „Live Power Session” на Ris Flower

Маркетинг

„All I Wanna Know“ – прв сингл од новиот проект „Live Power Session” на Ris Flower

После двата фантастични синглови „Translucent” и „Set Me Free” со кои Ris Flower (Борис Цветановски) ја започна својата интернационална кариера, на своите фанови им носи ново супер изненадување, нов сингл со наслов „All I Wanna Know”.

Новиот сингл е дел од проектот „Ris Flower – Live Power Session” кој e комплетно снимен во живо, во сега веќе легендарната Универзална Сала.

Ris Flower со овој проект го прикажува и докажува она што одсекогаш било негова најголема „сила”, а тоа се секако настапите во живо.

– „После првите два сингла снимени во студио и затворени поради корона вирусот, едноставно морав да застанам на бина со мојот бенд и макар и без публика да уживаме на кратко, така и се роди идејата за овој проект кој во следниот период ќе го споделам со сите Вас. Им ветувам на моите фанови дека за брзо време повторно ќе бидеме заедно ”- Ris Flower

Синглот  „All I Wanna know” е достапен на VEVO каналот на Ris Flower:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.