„ДУПЕР“ ја освежуваат македонската музичка сцена со првиот албум – „ХИПЕР“
На музичката сцена се појавија како освежување, донесоа нова енергија и свежина, а од денеска го носат и првиот албум насловен „ХИПЕР“.
„Не сум твој тип“ е нивната прва песна со која успеаја да ја пренесат нивната позитивност, а кога почна да се врти по радиостаниците и телевизиите, публиката реагираше со пофалби и коментари дека станува збор за поп-група која е поразлична од останатите.
Следуваа „Тело за на ТВ“, „Ние сме 2“, „Пробај да ми бидеш“, „Патник“, „Пак и пак“, „Единствен начин“… па сѐ до „Сменета“, соработката со Матеј Фолц.




