Фрајле добија конкуренција, и тоа згодна!
Ако досега Фрајле беа единствениот женски состав во регионот, од пред некое време девојките имаат конкуренција, и тоа машка. Станува збор за сплитскиот состав Камби, кој постои околу една година и веќе во неколку наврати момците докажаа дека имаат сериозни музички планови. Последниот во низата проекти им е темата со наслов „Заљубљен“ со која настапија на хрватската Дора и го имаа едниот од највпечатливите настапи.
„Заљубљен“ е вистинска бомба од песна! Тоа е, веројатно, најдоброто нешто кое сме го добиле во рацете. Станува збор за љубовна тема и не е балада, туку е исклучително енергична. Песната е со потписот на Макица (Марија Мирковиќ од Фрајле) и голема благодарност што ни овозможи да ја отпееме“, велат момците од овој состав, односно Сандро, Јошко, Јуре и Лука како водечки вокали, кои веќе снимија и мошне интересно видео.
Во темата момците и Марија ја опеваат префинетоста која секоја жена ја носи во себе, па не ни зачудува што стихот „… и мила и самовила…“ веќе го најде патот до срцата на бројните слушателки на овој сплитиски вокален состав, кој е пријатен и за гледање и за слушање.



