МК Сцена
Огнен Здравковски е позитивен на Ковид – 19, но не се откажа од промоција на неговиот нов хит! (ВИДЕО)
Дека ситуацијата со коронавирусот воопшто не е наивна, говори и тоа што младиот пејач Огнен Здравковски токму на денот на промоција на неговата најнова песна, доби резултат дека е позитивен на Ковид – 19.
Тој вели дека не знае како го добил вирусот и покрај тоа што ги почитувал сите мерки и внимавал најмаксимално што може.
Но, како што самиот вели, главата горе и ветува дека од оваа борба ќе излезе како голем победник, а особено го мотивира неговата најнова песна „Љуби ме“, која дефинтивно е една од неговите најдобри музички остварувања досега.





