МК Сцена
Градските приказни на КУД Илинден, подвижен музеј на градот Битола
Градските приказни на ансамблот ИЛИНДЕН, беа изведени на целовечерен концерт под наслов „Битола е градот” во Офицерски дом. Изминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри ИЛИНДЕН од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција. Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното. Помеѓу тие бисери се „Градските приказни“ кои се подвижен музеј за овој град.
Ансамблот ИЛИНДЕН е тука да го спои сѐ она што се менува и сѐ она што треба да остане исто. Ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што Битола е градот, стоеше на најавата со плакат кој за овој настан го дизајнираше Сергеј Светозарев.






