Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Италијанка ја пее „Море сокол пие“ – ПЕЕ, РАСТУРА!, а ѝ свират момци од цел свет

МК Сцена

Италијанка ја пее „Море сокол пие“ – ПЕЕ, РАСТУРА!, а ѝ свират момци од цел свет

Кога Македонка ја пее „Море сокол пие“ велиме ’браво’, кога некој од соседите го прави тоа важи истото, но што да се каже кога песната ја изведува девојка која нема апсолутно никаква врска со Македонија и дури и воопшто не била во нашата земја. Најновата преработка на прекрасната македонска традиционална песна доаѓа од работилницата на Barcelona Gipsy balKan Orchestra и прекрасната вокалистка Маргерита Абита.

Маргерита е Италијанка и е дел од составот Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), интернационален ансамбл, чија база е Барселона. Специфични по составот, но и начинот на кој ја интерпретираат традиционалната музиката – Barcelona Gipsy balKan Orchestra се вистински мелем за душата, а новиот дух кој ѝ го даваат на музиката од Балканот, Средниот Исток, но и Медитеранот е магија за сите сетила.

„Традицијата на Македонија е собрана во една приказна, една песна, една емоција. Средбата на БГКО со вечната мелодија чија тежина низ вековите обележала генерации… Старата изрека вели: „Низ Босна не пеј, низ Србија не играј, а низ Македонија ниту пеј ниту играј…“ А сепак еден нов поглед на стара љубов, карактеристика на оркестарот закотвен во градот на Гауди. Инспирирани од природата со која биле опкружени и концертот чија енергија им останала во сеќавањата, БГКО врзува три балкански земји во една приказна – двете страни на езерото Скадар низ призмата на македонскиот сокол“, велат во објаснувањето зошто ја одбрале токму „Море сокол пие“.

Бендот влегува во деветтата година од формирањето, и периодов ѝ вели топло добре дојде на Маргерита, чија енергија и свежа перспектива внесуваат свежина во сите аспекти на оркестарот, кој од формирањето до денес може да се пофали со повеќе од 1000 концерти, 70 милиони прегледи и повеќе од 130 000 следбеници на Јутјуб.

Единствениот и современ звук на BGKO доаѓа од нивното страсно и немилосрдно истражување на звуци и тембри од романската, клезмерската, балканската и медитеранската музика. Сите сфатени како збир на музички традиции и мултиетнички култури кои ги надминуваат географските граници. Групата досега има воспоставено свој, би се рекло, заштитен звук и тоа благодарение на неизмерно различните уметнички влијанија на нејзините членови.

BGKO се: Маргерита Абита (вокал, Италија), Матиа Скироса (хармоника, Италија), Џулиен Шанал (гитара), Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Дани Карбонел (кларинет, Каталонија–Шпанија) и Олесандр Сора (виолина, Украина)/Пере Ноалск Туру (виолина, Каталонија – Шпанија).

Освен по изведбата, специфични се и по тоа што секогаш се подготвени да истражуваат нови звуци и да ја прошируваат листата на места за настапи, искуства и собирање знаења. А досега настапувале во Австрија, Русија, Франција, Шпанија, Италија, Белгија, Унгарија, Холандија, Канада, Романија, Чешка, Германија, САД, Данска, Турција, Грција, Србија, Хрватска…

Инспиративна приказна, симпатична изведба и неверојатен спој, која дефинитивно будни емоција – слушнете и уживајте. Убаво е кога странец ви оддава признание за она што е ваша традиција и богатство.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.