МК Сцена
Среќен роденден Тоше!
Мил Тоше,
Ти беше на патот на твојата светска кариера, во најубавите години, подготвен за сите предизвици кои те чекаат, за сите нови песни кои чекаат да бидат напишани, за сите срца кои чекаат да го слушнат твојот глас, за сите кои чекаат една прегратка и автограм…
Денеска, без твое присуство, цела Македонија го празнува твојот роденден. Сите мисли се насочени кон една, мислејќи на тебе. Илјадниците од Македонија и останати милиони од Балканот и светот ги слушаат твоите песни, чувствувајќи немир во своите срца. Но, само тебе те нема. Не можеш да ги играш твоите игри без граници, надевајќи се на будење во свет на љубов, во кој ќе можеш да помирисаш полски цвеќиња и една цреша… и да огрее сонце во твоите коси, ниту да ја видиш месечината.




