МК Сцена
Јана Бурческа се враќа на музичката сцена со новиот сингл “Home alone”
Шест години по учеството на Евровизија, Јана Бурческа ја изненади јавноста со нова песна – темата “Home alone”.
Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и пејачката, која исто така го напиша текстот за песната. Звукот на “Home alone” е финиширан со мастеринг од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз.
Песната доби и видео спот режиран и реализиран од Ѓорги Вацев и како што вели Бурческа “збир на млади ентузијасти и креативци” како дизајнерот Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска – Social Hair Salon, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски, а свој автентичен придонес во креативата имаа и Елена Василева, Ангела Димитрова и Димитар Бабков.



