
МК Сцена
Калиопи, Тамара и Тијана изразија поддршка за Северина откако го изгуби старателството над синот
Врховниот суд во Хрватска го врати старателството врз синот Александар на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, одземајќи го целосно од хрватската пејачка Северина Вучковиќ.
По објавувањето на веста, многубројни познати личности од регионот, вклучувајќи ги и Ана Бекута, Сека Алексиќ, Анѓелка Прпиќ, Нина Бадриќ и Маја Шупут, ја истакнаа својата поддршка кон Северина на социјалните мрежи.




