МК Сцена
„Некст Тајм“ го промовираа новиот албум: „Го посветуваме на нашите две мајки“
Вчеравечер во хотелот „Мериот“ во Скопје, момците од „Некст Тајм“, близнаците Стефан и Мартин Филиповски пред своите пријатели, колеги, соработници и фанови го промовираа нивниот најнов албум кој носи наслов „Мајка“.
На албумот се наоѓаат девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус, но таа привилегија да ги слушнат и тие песни ќе имаат само тие што ќе го купат албумот.
Во преполната сала на хотелот момците од „Некст Тајм“, заедно со својот бенд во живо на чело со музичкиот продуцент на албумот Николче Мицевски за присутните изведоа неколку песни, додека пак на крајот тие ја испеаа и нивната „лична карта“, „Ја излези Ѓурѓо“ и тоа заедно во дует со нивниот голем пријател и колега Влатко Лозаноски – Лозано.




