Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Милчо Манчевски започнување со снимање на новиот филм „Кајмак“

МК Сцена

Милчо Манчевски започнување со снимање на новиот филм „Кајмак“

Милчо Манчевски започнување со снимање на новиот филм „Кајмак“

Милчо Манчевски, заедно со екипа од Македонија, Данска, Холандија, Хрватска, Бугарија, Англија, Италија и Србија почнуваат со работа на новиот филм „Кајмак“.

Како што вели режисерот Манчевски, Кајмак е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината.

По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија. Македонската Радио Телевизија е копродуцент.

Филмот ќе се снима исклучиво на локации низ Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.