МК Сцена
Огнен Здравковски има нов бенд и песна во најава
Добра свирка нема без добар бенд, токму затоа Огнен Здравковски веќе никаде нема да е сам – од неодамна друштво му прават момците кои на јавноста ѝ се претставуваат како ОЗ бенд.
Во составот кој ќе го придружува Оги на сцената се Антонио Тимчевски, клавијатури, Дејвид Дејв Демир, гитара, Бојан Дичовски, бас гитара, и Гоги Мицевски, тапани. И тоа не е сѐ, за јавноста да види и чуе како изгледаат и звучат дечките спакуваа одлично видео со кавери за омилените песни на Огнен.





