Музика
„Пекол и рај“ – нова песна на Огнен Здравковски
„Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја песната, гледајте го спотот, почувствувајте ја приказната и дозволете да ве освои. Вашите мислења и коментари ми се најбитни и ме инспирираат за песните што следуваат. Погледнете, слушајте, споделете и коментирајте како ви се допаѓа! Уживајте и ширете љувов!“, е пораката што Огнен Здравковски ја напиша под новото парче музика кое реши да ѝ го претстави на јавноста, а кое значи почеток на едно ново поглавје во неговата музичка кариера.
Насловот на новата композиција е „Пекол и рај“ и всушност станува збор за песна со љубовна тематика потпишана од негови колеги, а кога врвни музичари стојат зад ваков проект тогаш не може да имате лош финален производ. Напротив, композцијата зад која како автори се потпишуваат Александар Тарабунов – музика, Зоран Зонде Стојановски – текст и Димитар Андоновски, кој освен што се потпишува зад аранжманот е задолжен и за миксот и мастерингот, не може да биде ништо друго освен музичко совршенство.
