Музика
Песна која ќе ја засакате од прво слушање: Огнен Здравковски ја објави неговата нова песна „Душа“! (ВИДЕО)
„Душа“ е насловот на најновото музичко издание на познатиот пејач Огнен Здравковски. Песната е на српски јазик, а исто така и видеоспотот за песната се снимаше во српската престолнина.
За ова ново музичко остварување Огнен ја избра една од најдобрата екипа во моментов на овие простори.
Музиката и аранжманот се дело на познатиот Саша Николиќ, кој соработува со скоро сите српски ѕвезди, особено со Марија Шерифовиќ, додека пак текстот е дело на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која познатиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ.




