МК Сцена
“Среќо моја среќа си ми ти” – нова песна и спот на Јордан Митев снимен во Швајцарија
“Среќо моја среќа си ми ти” е насловена најновата песна на Јордан Митев, зад кој авторски комплетно се потпишува самиот пејач, а спотот кој Митев го работеше со својот долгогодишен пријател и соработник Зати е снимен во Швајцарија.
– До сега во Македонија имам снимено околу 30тина видео записи на речиси сите значајни локации, познати и не толку познати за пошироката јавност, па затоа од време на време чувстувам потреба за некоја моја песна да снимам спот и надвор од Македонија. Ова ми е 5ти видео спот снимен надвор од Македонија, вели Митев.
Новата песна на Митев е со малку помодерен израз, а во неа се пее за една среќна љубов.




