МК Сцена
Ова се чекаше: Петар Грашо со голем концерт во „Арена Борис Трајковски“!
После две цели години пандемија, карантини, изолации, стресни и неизвесни денови, време е навистина да уживаме. Да уживаме и да ги оставиме зад себе сите оние лоши денови…
А бидејќи музиката е лек за душа, тогаш да ја лекуваме душата…
По тој повод, една од најпопуларните музички ѕвезди на овие простори Петар Грашо ќе одржи голем солистички концерт во нашата метропола.




