МК Сцена
Овој викенд уживајте во танцот на над 4.500 натпреварувачи од 22 држави на Dance OFF
Скопје е подготвено за еден од најзабавните и најинтересни настани во светот на танцот кој ќе се одржи оваа година. Студијата „Eat the beat“ и „Break a leg“ во петок, сабота и недела, 15-16-17.11.2019 година, во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го организираат меѓународниот танц натпревар „Dance OFF“. Веќе има пријавено над 2.700 учесници од 17 држави кои ќе се натпреваруваат во сабота и недела.
„Танцот е во нашата крв. Тој е од огромно значење затоа што претставува темел врз кој може да се изразуваме емоционално со движење и ритам. Пример за тоа се над 2.700-те пријавени натпреварувачи од 17 држави како Бугарија, Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Данска, Русија, Полска, Словачка, Италија, Словенија, Романија, Украина и други. Како организатори се погриживме тоа нивно изразување да не биде ограничено од ништо. Имаме одлична бина, прекрасен простор и осветлување и феноменална организација која што знаеме дека дополнително ќе ги мотивира учесниците, и тие од странство и домашните.“, вели Трајче Петковски од скопското студио „Break a leg“. Петковски додава дека ги поканува сите кои што сакаат подобро да се запознаат со танцот и да навиваат за своите омилени, посебно за македонските учесници, да дојдат во сабота и недела од 09.00 до 21.30 часот.





