Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Овогодинешниот „Охрид фест – Охридски трубадури“ ќе биде во знакот на мандолината и тамбурата

МК Сцена

Овогодинешниот „Охрид фест – Охридски трубадури“ ќе биде во знакот на мандолината и тамбурата

Нетрпеливо го очекувам „Охрид фест“, 10-ти септември, кога на македонската јавност ќе им ги презентираме најновите 18 песни, зборови и ноти, нанижани од најпознатите автори и препознатливиот звук на охридската песна, звук кој им пркоси на сите нови продукциски технологии.

Ова го велам бидејки многу добро знаеме како звучи тамбурата, мандолината, виолината, кларинетот и како треба да звучи збирот на тие звуци.

Овогодинешниот „Охрид фест- Охридски трубадури“ ќе биде во знакот на мандолината и тамбурата.

Најпознатите и најквалитни пеачки грла од Македонија, кои зад себе имаат цело богатство од хитови и обнародени песни, под палката на докажаните автори, аранжери и текстописци, ќе го разлеат староградско-медитеранскиот звук на сцената на Долни Сарај.

Како и секоја година, на фестивалот ќе доминираат мандолината, тамбурата, виолината и кларинетот и звукот на старата охридска песна.

Кога сето тоа ќе се слушне на преубавата сцена на Долни Сарај, се добива магија, претставена од нашите најпознати- би ги нарекол „гладијатори“, бидејки ова е нивната и нашата борба и ова е нивното и нашето поле на кое се бориме, од кое и за кое живееме.

Честа да ги претставам најдобрите е моја, им посакувам голем успех, големо уживање и убаво и искрено дружење на најновиот „Охрид фест 2021“.

Учесници: Благица Павловска, Скопски Боеми , Ирена Спасовска , Ибуш Ибраимовски, Барбара Јаковлеска, Перо Христов, Катерина Брезева и Соната, Нино Величковски, Суада Каришиќ Шмидт,Благоја Груевски , Петар Нечовски, Јагода Крнетиќ- Јефтиќ, Милован Секулоски, Сани, Кирил Белистојаноски, Мирко Вретоски и секако младиот Стружанец Методија Столески.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.