МК Сцена
Почнува 4. Меѓународен филмски фестивал „Киненова“: Подгответе се за вистински филмски изненадувања
4-от Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, почнува вечерва и ќе трае до 13 октомври.
Во кино „Милениум“ со проекција на „Господ постои се вика Петрунија“ во 18 часот неофицијално почнува годинашната програма, додека официјалниот дел е закажан за 20 часот со свеченост на која ќе биде доделено признанието за посебен придонес во светската филмска уметност, чиј лауреат годинава е актерката Тања Бошковиќ и проекција на филмот „Таткото“ на бугарските автори Кристина Грозева и Петар Валчанов.
Претседател на жирито што ќе одлучува за годинешните фестивалски награди е истакнатиот руски документарист Витали Мански, кој е еден од најконтроверзните светски филмски автори. Неговиот филм „Путиновите сведоци“, кој е минатогодишен победник на Карлови Вари, ќе има специјалната проекција на фестивалот.




