Прва онлајн музичка конференција на Авалон Продукција
Дали музичката индустрија ќе го ,,преживее” коронавирусот и дали претрпените промени ќе имаат долготрајно влијание врз неа?
Откажани и презакажани концерти, неможност за работење или пак ограничување на работата… Почнувајќи од март 2020та, па се’ до сега, концертната музичка индустрија реално не постои. Почнувајќи од концертните промотери па се’ до артистите… сите активно бараме одговор на истите прашања:
Што сега и како понатаму?




