Ако светот е на пауза, музиката не е: Младиот фолк-пејач Живе Мешуревски ја промовира неговата најнова песна – „Да си моја“ (ВИДЕО)
Музичката индустрија е можеби една од најпогодените гранки во светот поради пандемијата со корона-кризата која трае скоро една година, но и во едни такви услови, музичарите не престанаа со музицирање.
Еден од нив е ѝ младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, на кого многумина му предвидуваат блескава музичка кариера.
Тој и покрај кризата од коронавирусот, перидов работеше на неговиот најнов материјал со наслов „Да си моја“ и тоа повторно со најдобрата екипа – Борче Нечовски текст и Дејан Момировски музика и аранжман.




