Според многумина таа требаше да победи на „Макфест“: Слушнете ја „Душа“ на Лара Иванова (ВИДЕО)
Сѐ уште пристигаат пофални зборови за одличниот настап и фантастичната интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на овогодишниот фестивал „Макфест“, кој се одржа пред неколку дена.
Лара буквално ја „разнесе“ сцената во Штип со нејзината изведба на песната „Душа“ и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани.
Многумина дури ја прогласија и за морален победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација.




