МК Сцена
МНТ објави аудиција за актери, танчери и пејачи за мјузиклот МАМА МИА
Македонскиот народен театар објави отворена аудиција за избор на актери, танчери и пејачи за споредните улоги во новиот мјузикл МАМА МИА.
Мјузилот МАМА МИА е светски хит инспириран од музиката на познатата музичка група АББА. Македонскиот народен театар соопшти дека по успешната реализација на мјузиклот Чикаго започнува со нов светски хит, овој пат низ приказна исполнета со љубов, забава и многу танц, што ќе ја режира Наташа Поплавска. Познатите поп хитови за љубовните романси на две генерации, ќе бидат новиот предизвик во новата театарска сезона 2017/2018 во МНТ.
Поради различната возрасна граница и изведувачка задача аудицијата е поделена во два дена и тоа: на1 септември аудиција за актери и пејачи, а на 2 септември аудиција за танчери.




