Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Украина е победник на Евровизија 2022

Музика

Украина е победник на Евровизија 2022

Заврши најголемиот музички натпревар во светот „Песна на Евровизија 2022“, а Украина победи на овогодинешното издание.

Украинската фолк-рап група „Kalush Orchestra“ и ја донесе на Украина втората победа на Евровизија со 631 поен, по Руслана во 2004 година.

Енергичната изведба на песната „Stefania“ ги воодушеви гледачите и гласачите, а Украина беше апсолутен фаворит од почетокот на натпреварувањето. По прогласот, салата беше исполнета со воодушевени извици и громогласен аплауз:

– Ви благодарам многу, ви благодарам за поддршката. Ова е за Украина. Слава на Украина – порачаа од бендот.

Второто место го освои Обединетото Кралство (466 поени), третото Шпанија (459 поени), четвртото Шведска (438 поени).

Српската претставничка Констракта која настапи со песната „In corpore sano“ го зазеде високото петто место, со вкупно 312 поени.

За време на големото финале, синоќа настапија претставниците на Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска, Австралија, Обединетото Кралство, Полска, Србија и Естонија.

Македонија оваа година на Евровизија беше претставувана од Андреа, која настапи во втората полуфинална со песната „Circles“, но сепак не успеа да се пласира во финалето.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.