Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Адел ја најави новата песна „Easy on Me”

Музика

Адел ја најави новата песна „Easy on Me”

Адел ја најави новата песна „Easy on Me”

Популарната пејачка Адел (33) ги изненади своите фанови со последната објава на социјалните мрежи.

Денес, следбениците на ѕвездата на социјалните мрежи конечно успеаја да го видат тизерот за песната „Easy on Me”, водечкиот сингл од нејзиниот претстоен албум.  Добитничката на 15 греми награди ќе ја објави новата песна на 15 октомври.

Таа исто така ги заинтригира своите следбеници и со промената на фотографиите на профилите на социјалните мрежи, а огромни плакати со натпис „30“ се појавија низ целиот свет. Фановите веруваат дека и со четвртиот студиски албум, пејачката ќе продолжи со традицијата на именување на албумот според нејзината возраст.

 

Поминаа шест години откако Адел објави албум, а последниот беше 25 во 2015 година. Таа го објави 19 во 2008 година и 21 во 2011 година.

Аделе во последниот период ја заинтригира јавноста кога откри дека е во врска со кошаркарскиот агент Рич Пол.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.