Америка започнува своја верзија на „Евровизија“: Снуп Дог и Кели Кларксон водители на шоуто
Раперот Снуп Дог (50) и пејачката Кели Кларксон (39) ќе бидат домаќини на „Натпреварот за песна на Америка“ (American Song Contest) по моделот на Евровизија.
Натпреварот ќе биде прикажан на американската мрежа NBC. Шоуто започнува во март, а големото финале треба да се одржи на 9-ти мај. Ќе учествуваат изведувачи, солисти, дуети или групи од сите педесет американски држави, областа на главниот град Вашингтон и петте поврзани територии на САД.




