Биба Додева го освои првото место на „Охрид фест – Охридски трубадури“
Годинешното, 26. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“ заврши вчеравечер, со секогаш атрактивната интернационална вечер.
Интересно е тоа што фестивалот можеа да го следат и гледачите од Америка, Австралија и Канада. Во официјалната програма се натпреваруваа 22 песни кои беа интерпретирани од познати пејачи од регионот и од Европа, како и македонските интерпретатори кои освоија награди на претходната поп вечер на фестивалот.
Со автобиографската балада „Како некогаш“, Биба Додева победи и на финалната интернационална вечер на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“.




