Музика
Бобан Рајовиќ – омилениот пејач на Елмас има нова песна, а крчка и нешто МАКЕДОНСКО!
Омилениот пејач на нашиот репрезентативец Елиф Елмас – или едно од најпознатите музички имиња од соседството Бобан Рајовиќ има нова песна со наслов „Недељом“, која всушност е повеќе од песна, а спотот е чист доказ за неговата храброст.
Во видеото какво што досега не снимил ниту еден машки изведувач во регионот Рајовиќ е „гол“, но до појасот – и има одлична причина за тоа.
„Ниту една песна не сум ја чувал толку долго колку оваа балада, но ова е повеќе од тоа. Повеќе од песна, и имам само една желба поврзана со неа – да погледнете под површината, да гребнете под неа. Ова сум јас, ова е мојата душа, ова е мојата емоција. Ова не е маркетинг. Сакам да ја слушате песната, но, пред сѐ, сакам да ја разберете“, вели Бобан, кој во цел спот е само во еден кадар со единствена цел – акцент на емоцијата, а не на осмислени сцени и актери.





