Музика
„Бумеранг“ на Лоба, химна за нови почетоци во Новата година
„Бумеранг“ е повеќе од музика – таа е симбол на љубовта, сеќавањата и кругот на животот кој секогаш ни се враќа, а со својата емотивна длабочина и инспиративна порака го одбележува крајот на старата и почетокот на новата година.
Компонирана за само неколку часа од мајсторот Лазар Цветковски и самата Викторија Лоба, „Бумеранг“ го спојува нејзиниот талент со моќен текст што таа лично го напиша.
– „Бумеранг“ е композиција која ја чувствувам како дел од мене – не само затоа што ја создадовме во еден спонтан, инспириран момент, туку и затоа што нејзината порака длабоко зборува за тоа кои сме ние како луѓе. Животот е круг – сè што даваме, се враќа назад, на свој начин, и токму тоа сакав да го доловам со оваа песна, изјави Викторија Лоба.





