Музика
Нов албум на Трпчески за британски „Лин Рекордс“
Престижната британска етикета „Лин Рекордс“ денеска го издаде двојниот албум на кој нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески е повторно обединет со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на WDR од Келн, Германија, во изведбата на двата концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс.
„Нивната незаменлива хемија, најважна во камерните концерти на Брамс, е целосно прикажана во овие нови изведби што го ставаат музичкиот афинитет на двајцата уметници во центарот на вниманието. Ова се два контрастни концерта, едниот почнува во темнина, другиот во светлина, означувајќи го главниот придонес на Брамс во жанрот. Беспрекорната техника на Трпчески и чувствителното свирење на оркестарот обезбедуваат задоволство за пијанофилите“ – подвлекува издавачот ЛИН РЕКОРДС, кој освен на компакт-диск, албумот го нуди за преземање и на современите музички платформи.
