Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Доделени музичките награди Билборд: Триумфираше Оливиа Родриго со 7 награди

Музика

Доделени музичките награди Билборд: Триумфираше Оливиа Родриго со 7 награди

Музичките награди Билборд беа доделени во неделата вечер, на 15 мај. Повеќето од наградите беа доделени за време на преносот во живо на TikTok, додека другите победници беа откриени на церемонијата одржана во MGM Grand Garden Arena во Лас Вегас.

Домаќин на музичките награди Билборд беше Диди, а на сцената настапија Тревис Скот, Силк Соник, Бурна Бој, Ед Ширан, Машин Ган Кели, Florence + The Machine и Megan Thee Stallion.

Оливиа Родриго го забележа најголемиот триумф во дури седум категории, додека раперот Дрејк освои две награди – беше прогласен за музичар на годината, како и за најдобар машки музичар. Музичарот The Weeknd годинава доби најмногу номинации, вкупно 17, додека Доја Кат имаше најмногу номинации како женски музичар (14). Таа ја освои и наградата за најдобар R&B изведувач и најдобар R&B женски музичар.

Момците од корејскиот бенд БТС ја добија наградата за најдобра музичка група и во категоријата најпродавани песни, а Тејлор Свифт победи во категоријата најдобар кантри изведувач.

Лејди Гага ја доби и наградата за најдобар танцов изведувач, а раперот Канје Је Вест доби две награди – за најдобар христијански изведувач и најдобар госпел изведувач.

Најголемо внимание на црвениот тепих привлекоа славната двојка Меган Фокс и Машин Ган Кели, како и Тревис Скот и Кајли Џенер. Тревис Скот го имаше своето прво јавно појавување по трагедијата на минатогодишниот фестивал Астроворлд кога загинаа 10 луѓе, а илјада беа повредени. Заедно со нив беше и нивната 4-годишна ќерка Сторми која го украде целото внимание.

Погледнете ја целосната листа на победници тука.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.