Музика
ABBA заедно по 40 години – се обединија за виртуелен концерт во Лондон
Сите четири членови на култниот шведски бенд „ABBA“ се собраа во четвртокот во Лондон за првпат од 1982 година на премиерната вечера на нивниот виртуелен спектакл „Voyage“.
Шведските поп суперѕвезди – Бјорн Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фалцки и Ани-Фрид Лингстад - последен пат во престолнината на Велика Британија се појавија заедно во 1982 година во забавното шоу „The Late Late Breakfast“ чиј водител беше Ноел Едмондс.
Спектаклот, почнувајќи од денес, петок (27 мај), треба да се одржува седум пати неделно до почетокот на октомври, со виртуелен концерт по повод изведбата на „Abbatar“, односно холограм од членовите на бендот кои изведуваат песни во живо со десетчлениот бенд.




