Музика
Ерос Рамацоти допре до срцата на скопјани (ГАЛЕРИЈА)
Неверојатна сценска опрема која за првпат се поставува во А1 арената во Скопје и озвучување кое произведува феноменален звук ги фасцинираше илјадниците посетители на концертот на Ерос Рамацоти вчера во Скопје.
„Не мора да знаеш италијански за да те допре музиката на Ерос“ велеа посетителите кои уживаа во новите, но и во безвременските хитови на италијанскиот шмекер.
Пејачот го започна концертот со водечката нумера од неговиот нов албум „Vita ce ne“, потоа следуваа уште неколку песни од последниот музички материјал како „Per il resto tutto bene“, „Stella gemella“, „Favola“ и други.






