Тајфата, Димитар и 10 девојки во новиот спот за „Не си моја“ (ВИДЕО)
Летните одмори веќе завршија и време е да се засукаат ракавите. Токму тоа го сторија Тајфата и Димитар Андоновски и снимија нова песна. Станува збор за нумера која ќе се најде на нивниот прв албум кој треба да биде промовирам многу наскоро.
Новото “чедо” на момците се вика “Не си моја”, а како автори се потпишуваат кои други ако не, туку Лазар и Магдалена Цветковски.
Интересна љубовна приказна преточена во уште поинтересен видеоспот во кој освен Диме, Аце, Влатко и Чирта, се појавуваат уште 10 преубави девојки.




