EXIT 2.0 почнува нова ера со голема прослава на 20-тиот роденден од 9-ти до 12-ти јули!
По овогодишното, според бројни параметри и свое најуспешно издание досега, ЕГЗИТ Фестивал следната година, од 9-ти до 12-ти јули ќе го прослави јубилејниот, 20-ти роденден!
Петроварадинската тврдина следниот јули ќе биде во центарот на внимание на музичката јавност, каде што на повеќе од 40 бини и зони ќе се соберат некои од најзначајните музички ѕвезди на денешницата, но и неколку одбрани изведувачи од претходните две децении на ЕГЗИТ (EXIT), чии настапи засекогаш станаа нераздвоен дел од историјата на Фестивалот. Под симболичниот слоган ЕГЗИТ 2.0, фестивалот го означува почетокот на својата нова ера, со која најавува бројни иновации во сите области на своето делување. „Целиот ЕГЗИТ тим, заедно со бројните наши пријатели и соработници, решен е да ги надмине дури и претходните рекордни години зад нас, за токму следната година да го донесе досега најдоброто издание и еден нов ЕГЗИТ, спремен за наредните дваесет години!“ изјави по овој повод Душан Ковачевиќ, основачот на Фестивалот.
Претстојното фестивалско издание, како и кампањата која го следи, ќе го слави единството на наизглед сосема различните фанови на Егзит, од панкери и металци до рапери и рејвери, преку публиката од сите краеви на регионов, па сѐ до оние кои преминуваат и цели океани за да стигнат во Нови Сад и со тоа да потврдат зошто популарното британско списание „Диџеј Маг“ вели дека ЕГЗИТ е „повеќе од фестивал и повеќе од бренд, едно движење и култура сама по себе“.




