Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ИГРАВМЕ НА НИВ ЦЕЛА ГОДИНА: Ова се најголемите „денс“ хитови за 2016!

Музика

ИГРАВМЕ НА НИВ ЦЕЛА ГОДИНА: Ова се најголемите „денс“ хитови за 2016!

Оваа година ја одбележаа голем број на хитови на кои се забавувавме на подиумите во омилените ноќни клубови, а критичарите на светските топ листи ги избраа десетте најдобри песни кои ви ги пренесуваме во продолжение.

Слушалките на уво и подгответе се да го фатите ритамот! :)

10. Unders – “Syria”

Холандскиот диџеј „Андерс“ (вистинското име му е Дункан Меулем) е творец на овој хит каде за првпат слушнавме влијание од Истокот. Претпоставуваме дека младиот хаус музичар инспирацијата за оваа песна ја црпел од многуте патувања и гостувања на фестивалите „Брнинг Мана“ и „Африка Бурна“. Овој хит ќе ве телепортира на „црниот“ контитент.

9. The Black Madonna – “He is the Voice I Hear”

Ова е прва песна на „Д Блек Мадона“ во последните две години, но за да ја слушнете песната, мора да инвестирате во грамофонска плоча. Песната е снимена на винил издание во соработка со Руперт Муреј и музичарот Давод Росиј. Послушајте го ова хитче кое има диско манири.

8. Mr. Fingers – “Qwazars”

Лари Хрд, кој пред две децении ни ги подари класиците “Mystery Of Love” и “Closer” оваа година го објави првиот EP. “Outer Acid” го означи враќањето на неговото алтер-его,  Mr. Fingersa.

7. Porter Robinson & Madeon – “Shelter”

Соработката со Портер Робинсон и Мадеона беше еден од најсветлите музички моменти оваа година. Двата добри пријатели се познавале и пред да станат познати, што значи дека за оваа соработка се чекал само вистинскиот момент. Уживајте во песната и задолжително погледнете го спотот.

6. Calvin Harris ft. Rihanna – “This is What You Came For”

Иако песната ја напиша Тејлор Свифт, беспрекорниот глас на Ријана направи оваа песна да стане еден од најголемите хитови оваа година. На познатата пејачка ова и е трета соработка во Калвин Харис и ќе се најде на неговиот нов албум чиј датум на промоците е сѐ уште непознат.  “This Is What You Came For” не им донесе Греми награда, но им донесе многу слушања од публиката.

5. Major Lazer ft. Justin Bieber & MØ – “Cold Water”

Песната “Cold Water” ни даде можност да слушнеме како би можел да звучи четвртиот  LP Major Lazera “Music Is The Weapon”. Текстот за песната го напишаа Ед Шеран и Бени Бјанко, додека за вокалот беше заслужен единствениот Џастин Бибер. Предвидуваме дека уште многу долго оваа песна ќе се врти по радио станиците, секако, на наше големо задоволство.

4. DJ Snake ft. Justin Bieber – “Let Me Love You”

“Let Me Love You” е веројатно најголемиот хит на албумот на францускиот уметник диџеј Снејк. Неговиот нов омилен соработник, Џастин Бибер, се заблагодари за оваа песна, затоа што стана еден од најслушаните хитови оваа година.

3. Cashmere Cat ft. The Weeknd, Francis and the Lights – “Wild Love”

Норвешкиот уметник соработувал со Селена Гомез, Канје Вест и многу други, а сега дојде ред и на „Д Викенд“. Слушнете го овој хит кој е рангиран на високото трето место.

2. The XX – “On Hold”

Англиското трио „Д ХХ“ без двоумење се еден од најмрачните, но и најромантични бендови на сената. “On Hold” е една од тие песни кои можете да си ги пуштите на „рипит“ и да ги слушате цел ден, без да ви станат здодевни.

1. The Chainsmokers ft. Halsey – “Closer”

Американското дуо со песната “Closer” стана првиот електронски/денс бенд кој и го зема првото место на Билборд листата на најслушани песни на песната „Harlem Shake” која беше на врвот уште од 2013 година. Едноставно, хитот на годината, и главната песна за вашата новогодишна прослава :)

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.